Што јаде Доналд Трамп?

Не е тајна дека американскиот претседател Доналд Трамп најмногу сака брза храна, но тоа што зачудува е дека го јаде најкалоричното. Неговата типична вечера се состои од 2 “биг мека”, 2 рибји филети и чоколаден шејк. Препорачана доза калории за постари лица, каков што е 71-годишниот Трамп, изнесува околу 2 000 калории. Но, неговата порција е тешка околу 2 672 калории и тоа ако земе малечок шејк. Омилен му е и чипсот, ореото и кока-кола лајт.

Трамп никогаш не криел дека е обожавател на Биг Мек, а во едно интервју пред да стане претседател, изјавил дека најмогу му се допаѓа Мекдоналдс поради тоа што нивните објекти се чисти.

Во најновата книга “Оставете го Трамп да си биде Трамп” напишана од поранешниот менаџер на изборната кампања Кори Левандовски и неговиот заменик Дејвид Босли, се открива дека американскиот претседател има мизофобија( страв од бактерии и инфекции).

 
Translate »