Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity 3D серум – совршено решение за да го вратите својот младешки изглед





Смеата, долгитесончеви денови, но и стресот ипотешкотиите сите фигурираат во нашите животи, но и оставаат траги на нашите лица. Како што старееме, нашето лице почнува да покажува знаци на стареење со старечки дамки, подлабоки брчки и губење на силата и еластичноста.  Тоа наметнува потреба уште повеќе да се грижиме за нашето лице! Инекциите или ласерските третмани се премногу екстремни активности, и можеби не се соодветни за нашиот животен стил или личност. 3D серумот Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity е совршено решение.Тоа е првиот серум во широката категорија Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity специјално создаден за нега на зрела кожа на возраст над 50 години. Неговите високо ефективни активни состојки овозможуваат не само да се намалат дамките од стареењето, туку и да се полни кожата, да се намалат подлабоките брчки и да се подобри целокупната еластичност на кожата. Кожата брзо го апсорбира, така што овој лесен серум е идеален за дневна нега, помаѓајки кожата да изгледа помлада, поцврста и поеластична – со првите видливи резултати по само 2 недели од редовната употреба. Троен ефект против стареењето благодарение на избрани високо активни состојки

Тајната на овој серум е комбинацијата на неговите три високо концентрирани и ефективни активни состојки. Тиамидол е моќно оружје против старечките дамки: „Тоа е резултат на 10-годишното опсежно истражување и развој во Баерсдорф и примената на новиот стандард во третманот на хиперпигментација“, вели Лора Шмит, Медицински советник за Eucerin®. „Тиамодол® делува директно во клетките на кожата, насочувајќи се кон производството на меланин. Меланинот е природна УВ заштита на кожата и е одговорен за темните дамки “, објаснува Шмит. Со редовна употреба, серумот помага да се намалат старечките дамки и го спречува нивното повторно појавување.Првите резултати се видливи по само 2 недели. Производот е збогатен со хијалуронска киселина што овозможува, новиот серум ефикасно да ја исполнува кожата одвнатре да ги исполни дури и подлабоките брчки и да ја одржува кожата хидрирана. Силата на природно добиениот Арктиин пак ја подобрува цврстината и јачината на кожата, поддржувајќи поддршка на обновувањето на колагенот во клетките на кожата.

Translate »