Водата во Дојранското езеро во одлична состојба и безбедна за капење
Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на посетителите. Примероци за испитување беа земени од Градската плажа, плажата кај хотелот „Полин“ и плажата „Гранико“.
Резултатите од испитувањата на езерската вода се сосема исти со минатата година, односно, ја истакнуваат нејзината непроменета одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.
Во текот на летниот период неколку пати се земаат примероци од езерската вода за нејзино тестирање.
Во прилог се извештаите од стручното мислење за здравствената безбедност на водата од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.