Не мора да одиме на море за да јадеме свежа морска храна!
За оние кои ги обожаваат морските специјалитети, кои преферираат свежа морска храна, подготвено од врвни мајстори, изборот не е некаде далеку, туку токму овде во Скопје – во рестораните Сидро, кои веќе неколку години креираат една убава гурманска приказна, која обединува фантазија, гостопримство и оригинални морски јадења.
Рестораните Сидро и досега важеа за магични локации со навистина посебен амбиент. Се издвојува Сидро 2 со својата прекрасна градина, каде се внимава на најмалите детали и каде се мора да биде совршено и проверено. Рестораните Сидро дефинитивно се место од соништата за сите гурмани и хедонисти, каде медитеранската атмосфера создава совршени услови за релаксација и уживање во срцето на нашиот раздвижен град. Рибите и морските специјалитети се свежи, секогаш внимателно подготвени, со цел да се задоволат вкусовите на врвните гурмани.
Ова не е само ресторан туку повеќе ќе се доживее како искуство наменето за оние кои ја разбираат уметноста на совршено подготвен оброк. Сидро стои како доказ за мајсторство со морската храна, поканувајќи ги гостите да ги пробаат најдобрите ракови, пржени каламари, ракчиња во кадаиф, лосос и рижото од морска храна што не е ништо помалку од поезија. Секое јадење ја доловува суштината на морето, создавајќи мелодија на автентични вкусови кои долго се чувствуваат.
Со разумни цени и ексклузивен фокус на морските плодови, Сидро ги повикува семејствата и пријателите да се соберат, славејќи ја радоста од заедничките моменти со извонредно подготвени јадења. Не е ни случајно што познатата социјална мрежа TripAdvisor го рангира како одличен ресторан за морска храна и го препорачува на посетителите.
Ресторани Сидро се вистинското место за уживање, за неколку часовно хедонистичко искуство, кое долго останува во срцето и сеќавањата.