Вонредна сосотојба на Хаваи, жешка лава тече низ улиците на островот

Жешката лава од вулканот Килауеа на Хаваите тече низ улиците на островот и наближува до станбените објекти. Изутрината локалните власти алармирале дека лавата од вулканот голта се пред себе.

Хавајската служба за цивилна заштита соопшти дека полицијата, пожарникарите и Националната гарда ја обезбедуваат зоната на Големиот остров и недозволуваат влез на жителите, пренесува АП.

Се уште не е познато кога ќе се смири вулканот што еруптираше во четвртокот.

Translate »