Хотел Арка под окупација, не бркаат оти сме последна македонска фамилија која оперира во Старата чаршија

 

Персоналот и гостите на реномираниот хотел Арка денеска беа соочени со невиден терор. Сведочат дека група хулигани, најмени од соседната дивоградба,  бeсправно влегле на нивниот имот и  насилно го срушиле  легално поставениот паркинг за велосипеди.

Сопственикот Сашо Џиковски вели дека  врз имотот на Хотел Арка денеска  беше извршен вандалски напад од 20-тина хулигани организирани од сопствениците на дивоградби во Старата Скопска Чаршија. Паралелно со ова се врши геноцид на културното наследство со рушење на заштитените објекти во истата, тврди  Џиковски.

Полиција интервенираше неколку пати, меѓутоа од полициска станица Битпазар одбиваат да не заштитуваат понатаму. За сите настани се директно известени сите надлежни органи, од Општина Чаир и Град Скопје до Државните инспекции и МВР, од началник до градоначалник.

Нас како сопственици ни е оневозможен пристапот до хотел Арка поради закани по животот. Ова е резултат на неколку месечен напад врз нашата фамилија, како последна македонска фамилија која оперира во Старата Скопска Чаршија и овој дел од градот.

Хотел Арка е еден од првите хотели со 5 звезди во Скопје и годишно опслужува преку 7000 гости.

 

Translate »