Овие тајни на Амстердам сигурно не сте ги знаеле
Со својата карактеристична, беспрекорно зачувана архитектура, елегантните мостови под кои пловат живописни куќи на брод и со својата богата историја, Амстердам е град од кој не можеме да се заситиме и постојано му се враќаме. А и како не би се враќале?
Превкусни вафли што се топат во устата? Велосипедска култура како никаде во светот? Дооолги летни денови и пријателски настроени луѓе – проверено! Едноставно, се’ што ви треба.
Но, љубопитството на патникот никогаш не згаснува, па се запрашавме дали покрај велосипедите и пријателските насмевки, Амстердам крие уште тајни во ракавот? Одговорот е да.
Ова лето, омилениот пивски бренд Heineken со својата голема наградна игра под наслов “Отвори го светот на музиката” не’ води токму во Амстердам. За учество се квалификувани сите полнолетни физички лица кои ќе купат пиво Heineken со посебна етикета Live Your Music, во стаклено пакување од 0,33л или 0,5л и ќе го испратат кодот кој се наоѓа под капачето преку СМС порака на телефонскиот број 14 99 14 од кој било мобилен оператор во Р.Македонија. Ќе имате можност да го посетите Heineken Experience музејот, да крстарите со брод по каналите и да се качите на A’Dam кулата, како и можност самите да ги откриете тајните на градот. Сепак, веројатно е дека нема да слушнете за овие необични факти за Амстердам, а се навистина интересни:
Амстердам тоне
Целиот град е изграден на вода и на мочурлива почва, и секоја година се бори да ја добие битката со морето чие ниво е над површината на градот. Самиот аеродором Шипхол е 4 метри под морското ниво. Зградите се изградени на огромни столбови кои ги спречуваат да тонат надолу. Со оглед на тоа дека една зграда ја држат 5-10 столбови, Амстердам стои на неверојатни 11 милиони столбови!
Има повеќе велосипеди од луѓе
Амстердам има нешто повеќе од 800.000 жители, но повеќе од милион регистрирани велосипеди. Само од каналите се извлекуваат повеќе од 30.000 велосипеди годишно, па бројката е сигурно поголема кога ќе се земе во предвид и ова “скриено богатство”.
Ги има најчудните кино-сали
Амстердам е сопственик на најмалата кино-сала во светот. „CINEMA41” е кино-сала со едно единствено столче, наменета за еден човек. Би отишле сами да гледате хорор филм?
Има повеќе мостови од Венеција
И тоа многу повеќе. Иако Венеција има 12 канали повеќе од Амстердам, Амстердам има дури 872 мостови повеќе од Венеција! Не е ни чудо што го нарекуваат „Венеција на Северот”, иако технички би требало да е обратно.
Имаат брод за мачки и градоначалник за ноќен живот
Жителите на Амстердам се грижат за сите членови на нивното општество да бидат задоволни. Така, тука ќе го сретнете единствениот таканаречен „брод за мачки”, кој е всушност пловечки шелтер-центар за бездомни мачки на кој живеат и тие и луѓето кои се грижат за нив. А за човечките жители на Амстердам да бидат подеднакво задоволни, постои официјален градоначалник за ноќен живот. Освен него, постојат и официјален градоначалник за велосипеди и официјален градски поет.
Водата во каналите е почиста отколку што мислите
Всушност, таа е толку чиста што со неа ги напојуваат слоновите во зоолошката градина!
„Улицата со црвени светла” крие мал трик
Секој знае за популарната „Улица со црвени светла”, каде може да се изнајми друштвото на “дамите на ноќта”. Но внимавајте, ако светлото е сино или виолетово, најчесто значи дека “дамата” можеби не е жена.
Ќе се чуствувате… малечки
Холанѓаните официјално се највисоките луѓе во светот. Просечната висина на мажите е 184 см, додека на жените е 170 см. Од друга страна пак, на 100 мажи има 145 жени, па веројатно е дека дамите не се толку пребирливи кога се работи за избор на партнер.