Кој е убиецот на фудбалерот?
Се работи за 25 годишно машко лице, кое служело казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства.
Полицијата сѐ уште трага по убиецот, а мотивите за убиството не се познати.
Дваесет и осум годишниот Мартин бил син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи. Тој беше застрелан вчера напладне околу 18 часот пред влезот на неговата зграда во скопската населба Аеродром. Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.
Јанушев последно играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите Маџари Солидарност и 11 Октомври.