Нашиот сосед сериозно се вооружува, Американците му продаваат нови F-16 за 1,2 милијарди долари
Бугарското министерство за одбрана соопштило дека договорот за купопродажба би требало да биде готов во наредните две недели.
Бугарија очекува дека САД ќе им испорачаат осум нови F-16 борбени авиони, во вредност од повеќе од милијарда евра, порачале од министерството за одбрана.
Стејт департментот ја одобрил продажбата на борбените авиони на бугарската војска, било соопштено во понеделникот во Пентагон.
Бугарија, членка на НАТО и ЕУ, сака да ги замени застарените советски авиони MIG-29 и да се вооружи според НАТО стандарди.
Купувањето на ваквото оружје би било најголема набавка за оваа балканска земја уште од падот на комунизмот.
Бугарското министерство за одбрана соопштило дека договорот за купопродажба би требало да биде готов во наредните 2 недели.
“САД во двонеделниот рок би требало да им ја претстават нацрт понудата на бугарските власти. Очекуваме дека цената за осум борбени авиони ќе биде 1,2 милијарди долари”
Првобитната цена која Бугарите биле подготвени да им ја платат на Американците за борбените авиони била околу 1.04 милијарди долари, но бугарскиот парламент дал зелено светло за надминување на планираната сума.