Косата нека биде вашиот најсилен адут за време на новогодишните празници!
Оваа зима избегнете од рутините и вообичаените работи! Направете промена, и изненадете ги сите, па и себеси. Ако уште се прашувате како, еве го решението. Тоа лесно можете да го направите со нешто многу едноставно, а тоа е нова боја на косата. Секој се радува на промена, особено кога станува збор за нова фризура или нова боја. Некои ќе се одлучат за побогати, потемни нијанси оваа зима, додека фризерот Даниел Пауновски предвидува дека русокосите нијанси, ќе ја окупираат сцената на убавина.
Ако не знаете како да го трансформирате вашиот изглед и да постигнете сосема нов имиџ, фризерите препорачуваат неколку зимски бои или нијанси од професионалната козметика Имел, што претстојната темна сезона ќе ја направат малку посветла. Фарбите од оваа козметика даваат сјај, волумен, интересни нијанси, кои се често и многу смели и откачени. Еспресо кафеава, кралска црна, костенливо црвена, бакарна и ледено руса… дефинитивно, се е „ин“ оваа зима.
Не ја оштетува косата, ниту пак коренот на влакното, напротив го храни и обновува. Професионалните фризери го користат и шампонот Imel Keratin Infusion кој ефикасно ја хидрира и обновува оштетената коса, додека Imel Keratin Infusion маската содржи интензивни состојки за кондиционирање и хидролизиран кератин за поздрава, посилна и посјајна коса.
Жените се силно осетливи на нивната коса, која секогаш мора да биде во одлична форма и тоа е причина професионалните фризери да ја користат козметиката ИМЕЛ.