Нов тренд во Скопје – куќи и згради со дрвени фасади
Се почесто низ Скопје можеме да забележиме убави модерни куќи или згради кои делумно имаат дрвени фасади. Причините се повеќе. Познато е дека дрвото важи за многу квалитетен изолатор, овозможувајќи одлична звучна и топлинска изолација. Дрвото по обработката и поставувањето на ѕидовите се третира со водоотпорни премази, ефикасно спречувајќи влага. Интересен е фактот дека дрвените куќи можат да одолеат на ветар со брзина од 200 км/час, на пожар, а поради својата еластичност гарантираат постојаност и при силни земјотреси и движење на земјиштето.
Но секако главната причина за дрвените фасади е препораката од архитектите и градежните инженери кои ги знаат градежните својства на дрвото, и пред се високата естетска вредност со која придонесуваат во изгледот на одреден објект. “Дрвото е совршен градежен материјал во природна смисла, порозно е и дише, т.е. овозможува оптимална влажност и топлина, а температурата на дрвените трупци во внатрешноста секогаш е еднаква на температурата на воздухот во тие простории. Дрвото го спречува статичкиот електрицитет и циркулација на прашината во просториите” сметаат градежниците.
А за фасадната употреба на дрвото последниве години кај нас голем придонес има компанија Гео-Инг http://www.geo-ing.com/.
Нејзините основачи кои по професија се инженери успееја нивното долгогодишно работно искуство во високо технолошки развиени германски фабрики да го пренесат и во Македонија. Овозможија германската технологија на обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите, да биде достапна на нашиот пазар.
Тоа резултира да имаме објекти кои одлично се вклопуваат со околната природа. Објекти кои користат видови на дрво со одлични технички карактеристики како конструктивен материјал, кои се карактеризираат со висока густина, одлични јакосни својства, лесно се обработуваат и имаат димензиона стабилност, но исто така не треба да се заборави и нивната естетска вредност.
Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен, и доколку дрвото правилно се одржува, животниот век е многу долг. А градењето со дрво е работа на Гео-Инг. е-mail: contact@geo-ing.com Tелефон: (02) 27 34 014
Мобилен: 070 266 319