Беќаровски: 41 Словенец го изгуби животот од Ковид-19 во изминатите 24 часа, а никој не ги тепа здравствените работници
„Словенија и Македонија имаат приближно ист број на жители, но Словенија има 11 пати поголем здравствен буџет. Клиничкиот центар во Љубљана, само за лекови троши колку што е буџетот на Фондот за здравство на Македонија, за сите здравствени намени. Словенија има 3,7 лекари на 1000 жители, кај нас тој број е 2,7“,пишува на својот Фејсбук профил доктор Нико Беќаровски.
„Словенија има повеќе од 9000 болнички кревети од кои 80% се со централен довод на кислород, кај нас од приближно 7000 кревети помалку од 10%.
За разликата во платите, условите на работа не е време да компарираме.
И покрај сите овие разлики, 41 Словенец го изгуби животот од Ковид-19 во изминатите 24 часа, а никој не ги напаѓа, навредува и тепа здравствените работници“, додава тој.