Велинград Алкалија – Затоа што е навистина важно што пиете!
Водата е суштината на животот, на целиот жив свет. Околу 70% од човековото тело е составено од вода, чии залихи треба да се надополнуваат редовно и квалитетно за да не дојде до дехидрација. Но, освен тоа што водата е потребна секојдневно, важно е и каква вода ќе одлучите да пиете. Водата треба да ви понуди доза на освежување, правилно да го хидратизира телото и да ви обезбеди здраво функционирање на организмот.
Во повеќе делови од светот, како и во делови од нашата земја, флашираната вода е побезбедна за пиење од водата од чешма. А кога зборуваме за флаширана вода, тогаш правилниот избор е секогаш Велинград Алкалија!
Единствената планинска свежина на водата Велинград Алкалија доаѓа од нејзиниот извор, лоциран на дури 1.200 метри длабочина под планинската површина. Карактеристиките на нејзиниот извор ѝ помагаат таа природно да се филтрира, поминувајќи низ карпите кои ја збогатуваат со минерали на патот до површината на земјата. Овој природен процес овозможува зачувување на минералната структура на водата, ѝ ја дава онаа беспрекорна чистота и ги збогатува нејзините својства. Минералната изворска вода Велинград Алкалија не поминува низ никаков дополнителен процес на третман или прочистување. Поради длабочината од која извира, таа е заштитена од какво било надворешно загрозување на нејзиниот квалитет.
„Кога природата ќе ви даде богатство, сè што треба да направите е да се осигурате дека овој скапоцен подарок ќе пристигне во домовите на потрошувачите, недопрен и со сите свои квалитети. Велинград Алкалија е одличен избор за сите оние кои сакаат да водат здрав и активен живот“, вели Казимир Геанта, менаџер за производи во Велинград Алкалија.
Велинград Алкалија е нискоминерализирана, со вкупна минерализација од 192 mg/l и висока pH вредност од 9,36. Балансираниот хемиски состав претставува здрава основа за сите дневни потреби, а високата pH вредност укажува на тоа дека се работи за алкална вода. Веќе е добро познат факт дека редовната консумација на алкални храни и пијалаци ја намалува киселоста во човековото тело, има добар ефект на дигестивниот систем и ја забрзува работата на метаболизмот.
Сите овие карактеристики ја прават оваа минерална вода идеално освежување, особено во летните денови, кога температурите се високи, а времето спарно. Високите температури се вообичаени за овој период од годината, но Велинград Алкалија ќе ви помогне да се изборите со топлината на најдобриот можен начин. Нејзината планинска свежина со сигурност ќе ви даде нова доза на енергија и ќе ве повика на летна авантура, на доживување и истражување на природата… а таа секогаш ќе биде тука, покрај вас. Практичниот дизајн на шишето ја прави лесно пренослива, што значи дека таа може да биде вашиот верен придружник на секое патување… затоа што е навистина важно каква вода пиете.
Секоја нова голтка ќе ви даде чувство како да сте ја освоиле недопрената природа на планините од кои што се полни Велинград Алкалија. Нејзината кристална чистина ќе ве доближи до природата, а свежиот и неизменет вкус ќе ви даде доза енергија за продолжување на авантурите на отворено.
Велинград Алкалија – од душата на планината!