„Короната е само почеток, катастрофите штотуку доаѓаат“ – Ноам Чомски предупредува на ужасот кој нè чека доколку не ја научиме лекцијата…

Ноам Чомски (91), популарниот лингвист, филозоф и еден од најголемите мислители на деценијата, овие денови ги поминува во самоизолација во Аризона.

Според Чомски, шокантно е во овој круцијален момент на чело на Америка да се наоѓа Доналд Трамп, кој го опишува како “социопатски пајак“.

„Коронавирусот е многу сериозен, но мора да знаеме дека ни се доближуваат и поголеми пандемии со поголеми страдања. Една е нуклеарната војна, а другата е социјалното загревање. Коронавирусот е ужасен и може да има застрашувачки последици, но ќе закрепнеме. Но, по другите две катастрофи нема закрепнување.

Америка има преголема моќ, а Европа слепо го следи нејзиното владеење. Додадете на тоа илјадници смртни случаи на Медитеранот, вели Чомски и ќе сфатите во колкава криза се наоѓа западната цивилизација.

Коронавирусот ќе нè натера да размислиме за тоа каков свет сакаме“ – вели тој.

Чомски верува дека изворот на кризата лежи во крахот на пазарот и неолибералната политика која што ги засилила социјално-економските проблеми.

„Се знаеше веќе подолго време дека ваква пандемија може да се случи, и се знаеше дека тоа ќе биде пандемија на коронавирусот, модификација на онаа која што ја видовме преку САРС. Можеа да работата на вакцини, да развијат заштита од потенцијална пандемија и со помали модификации веќе денес би имале вакцина“ – вели Чомски.

„Но, многу е поголем профитот во правењето нови креми за тело отколку во пронаоѓањето на вакцина. Нелибералната чума блокираше сè“.

„Не внимававме на информациите. Кина на 31-ви декември ја извести СЗО. Кинеските научници набрзо го изолираа вирусот. Земјите во тој дел од планетата почнаа да работат нешто. Во Европа тоа донекаде се случи. Германија има сигурен здравствен систем и може да направи нешто за себе. Некои други земји го игнорираа предупредувањето, пред сè Велика Британија и САД“.

Дали има место за оптимизам, особено доколку граѓаните веруваат дека се авторитетни во режимот за спас?

„Постојат можности луѓето да се организираат, да работат на подобар свет, но и тој свет ќе се соочи со големи проблеми. Ова е клучен момент за човечката историја затоа што време е да ги спознаеме длабоките маани на светот, дисфункционалните карактеристики на целиот систем кој мора да се промени. Ова е знак на предупредување и лекција која мора да ја научиме“. 

Translate »