Синот на легендарниот кошаркар Меџик Џонсон во мини здолниште низ Њујорк!
Синот на легендарниот американски кошаркар Меџик Џонсон, 28-годишниот ЕЈ Џонсон, снимен е во едно од неговите посебни изданија додека шетал по улиците на Њујорк.
ЕЈ со модата сака да си поигрува бидејќи, како што вели, тоа му допушта да ја покаже својата машка, но и онаа женствената страна од која не се срами.
Одлично расположен и со насмевка на лицето, ЕЈ прошета низ Њујорк во мини здолниште, тесна бела маичка со изрези и минијатурна торбичка.
Ова не е прв пат момчето да го привлече вниманието со изборот на гардероба, често можеме да го видиме облечен во фустани и комбинации со здолништа, поради што го привлече вниманието на јавноста.
На ЕЈ не му пречат озборувањата, тој ужива во своето тело и нема намера да го менува полот.
„Се сакам себеси таков каков што сум. Среќен сум и задоволен сум со себе. Секогаш зборував дека ако некој се чувствува добро во своето тело, треба нешто да преземе во врска со тоа. Јас не се чувствувам како да сум во погрешно тело. Чувствувам дека ова е телото во кое треба да бидам. Не чувствувам потреба за промена. Сигурен сум 100% во она што го сакам. Се чувствувам пријатно во својата кожа и си го сакам телото“, изјави ЕЈ во интервју за E!News.
„Можам да бидам мажествен, можам да бидам женствен. Можам да правам што сакам и да успеам во тоа. Ако сакам да облечам фустан, тоа и ќе го направам. Ама не сакам да го правам тоа постојано“, вели ЕЈ.
Меџик Џонсон го доби ЕЈ во бракот со сопругата Куки. Пензионираниот кошаркар го има и синот Андреа со бивпшата партнерка, како и посвоената ќерка Елиса.