Французите втор ден протестирааат поради зголемувањето на цената на горивата
Ден ден откако 280.000 луѓе протестираа во Франција поради зголемувањето на цената на горивата, автопатиштата во земјата, утрово во знак на протест, се блокирани на околу 40 места, а владата порача дека нема да се откаже ид еколошките мерки, пренесуваат француските медиуми.
Француслката мрежа „Венси оторут“ соопшти дека утрово се регистрирани 40 протести на автопатишта, откако вчера сообраќајот беше пореметен во целата земја, пренесе „Фигаро“.
Во меѓувреме, францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастане изјави дека мнозинство Французи избрале да не облечат жолти елеци, односно да не им се придружат на демонстрантите. Тој исто така нагласил дека вчерашните насилни акции биле предвидени, особено затоа што во нив учествувале млади лица од предградијата.
Според податоците, во нередите има повредени и демонстранти и полицајци. Една 50-годишна жена го загуби животот за време на вчерашните протести, организиарни поради високата цена на горивата, а најмалку 227 луѓе беа повредени од кои шестмина потешко.