Внимавајте при онлајн купувања-растат малверзациите и кражби на податоци
Како што се ближи новогодишната празнична шопинг сезона, ново истражување на Касперски Лаб покажува дека банкарски тројанци активно се фокусирани на онлајн корисници кај популарни потрошувачки брендови и крадат акредитиви и други информации преку тие сајтови.
Според Касперски Лаб, имало 9,2 милиони обиди за напади до крајот на третиот квартал од 2018 година, во споредба со 11,2 за цела 2017 година. Зголемена е детекцијата на едно семејство малвери за 34 отсто.
Половината од сите нападнати онлајн продавници биле познати брендови вклучително мода, облека, подароци, играчки и стоковни куќи.
Онлајн потрошувачи од Италија, Германија, САД и Русија како и од пазари во развој, псебно се загрозени, најавуваат од Касперски Лаб.
Банкарските тројанци воглавно се фокусирани на онлајн финансиски услуги така што бараат финансиски податоци што можат да ги украдат или прават ботнет од хакирани уреди заради следни напади. Со тек на време, дел од тие банкарски тројанци ja подобриле своја функционалност за да имаат пристап до податоци и акредитации на онлајн купувачи и да добијат „рут“ пристап до нивните уреди.