ВИДЕО: Лука Дончиќ воодушевува со својот талент
Посебно внимание во новата НБА сезона се става на секој меч во кој што настапyва Лука Дончиќ.
Вчера, Далас ја победи Атланта, а словенечкиот плејмејкер постигна 24 поени и собра десет скока. Со тоа и помогна на својата екипа да ја продолжи позитивната сериjа на домашен терен и воедно да го добие директниот дуел со Трае Јанг, новајлијата во редовите на Хокси.
Токму монтруозната блокада во дуелот со „руки“ играчот на Атланта остави најголем впечаток од изданието на Дончиќ на вчерашното соочување.
Јанг тргна да поентира по десната страна, но наиде на Словенецот, кој му застана на патот со атрактивна блокада.




