Жена со седум почесни докторати, пет синови и две ќерки!

Елеганцијата, стилот и софистицираноста имаат едно друго име, и тоа гласи Шејха Моза бинт Насер. Таа е од трите сопруги на катарскиот емир и ја заслужува секоја минута внимание на светските медиуми.


Нејзината најважна обврска секако се нејзините деца, има пет синови и две ќерки.
Сопруга на катарскиот емират станала во 1977 година, кога имала 18 години. Во тоа време била студентка на Универзитетот во Катар, а звањето дипломиран социолог го добила девет години откако се омажила.
Моза, знаењето одлично го применува во пракса, активна е во многу организации, како Арапската демократска организација, Организацијата за образование, наука и развој на општеството и разни програми за помош на децата.

Значаен е нејзиниот труд во „Фондацијата Катар“, со која управува нејзиниот сопруг, а кој го изгради „Градот на образованието“ и во Катар ги донесе американските факултети.
Моза во Газа покрена изградба на низа образовни институции, а нејзината работа доведе до тоа да оваа жена да поседува седум почесни докторати. Моза често го следи сопругот на неговите службени патувања.
Светската јавност ја привлече со беспрекорниот стил, но и со ставот, кој секогаш јасно го изразува држајќи говори во водечките политички и општествени институции.

За неа велат дека е најголема љубов на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, а нивниот син Тамим, иако не е првородено дете на катарскиот владетел, е прогласен за престолонаследник и ја носи титула емир.
За стилот на првата дама на Катар своето го кажа и „Вог“, кој ја стави на листата на петте најдобро облечени жени во светот. „Венити фер“ ја прогласи за најубаво облечена дама со сина крв, а за Џулијен Мекдоналд, таа е втората Џеки Кенеди.
Моза е една од ретките дами, кои 365 дена во годината облекуваат парчиња од високата мода. „Шанел“, „Живанши“ и „Диор“ се нејзините омилени модни куќи.

Нејзиното височество купува парчиња, кои чинат меѓу 20.000 и 30.000 долари, а специјално дизајнираната облека за неа достигнува цена и до 100.000 долари.
Оделни извори тврдат дека во нејзината резиденција крие вистинско модно богатство.

Translate »