Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 24 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
Од понеделник продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или помалку под просечните за овој период од годината