БРНАБИЌ: ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР И КОСОВСКОТО ПРАШАЊЕ НЕ СЕ ЗА СПОРЕДУВАЊЕ
Српската премиерка Ана Брнабиќ коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбер во Скопје, дека Преспанскиот договор е модел според кој Србија би требало да се угледа, оцени дека таа споредба е поедноставување на работите во поглед на косовското прашање.
-Мислам дека ова е многу помал проблем отколку што ние го имаме во Косово. Не го намалувам нивниот успех, ниту успехот на Преспанскиот договор, но мислам дека овие две прашања не се за споредба, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.
Таа додаде дека оваа изјава ја доживеала како повик за компромис, истакнувајќи дека компромис секако е потребен, како и дека тоа е она што Белград сето време го кажува и што се обидува да го направи.
-Поради компромисот кој ни е потребен, ние сме толерантни, не наседнуваме на провокации, повикуваме на дијалог и на продолжување на тој дијалогот-ден откако ќе се укинат таксите или истата вечер кога ќе се укинат таксите ( за српскитите производи), изјави српската премиерка.
Таа истакна дека Белград е страната која кажува дека компромисот е апсолутно неопходен, но нагласи дека, за жал, не може да се постигне компромис, доколку другата страна не е за било каков договор.
-Во овој момент, на моја огромна тага, ние не сме блиску до било какво решение или било каков предлог, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.
На прашањето дали пораката на српскиот претседател Вучиќ за референдум, ако го биде, и кој ќе биде обврзувачки, е порака до Западот дека Србија нема да постапи како Северна Македонија, таа изјави дека тоа е порака до српските граѓани дека „на крајот на краиштата, какво и да биде решението, и ако имаме некое решение, ние тоа отворено ќе им го предложиме на граѓаните на Србија, а потоа граѓаните ќе одлучат за тоа решение и ништо повеќе од тоа“, изјави Брнабиќ.