Сауна или џакузи во домот: топлинска терапија за подобро здравје!

Успешните луѓе со време ги планираат своите активности. Ги карактеризира организираност, концентарција, но и амбиција да направат нешто повеќе за себе и за најблиските. Но, истовремено знаат дека по напорната работа им е потребен издувен вентил или можност да се опуштат и релаксираат. За повеќето од нив Сауна или џакузи во домот е вистинското решение.
Свесни се дека и покрај тоа што повеќето луѓе ги доживуваат како луксуз и место за уживање, за нив сауната и џакузито со своите бројни позитивни ефекти се повеќе од корисни и се паметна инвестиција. Посебно во денешните динамични услови на живеење, на изложеност на стрес и притисоци. Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со топлинска терапија се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.


Васил Филипов, сопственик на компанијата Пирин Експорт не информираше дека: една комплетно опремена сауна од Пирин Експорт за домашна употреба, која може да се смести во стан, бања, остава, спална соба, чини околу 2000 евра, а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат. Трошоците за струја за користење на сауна  на месечна база, ако се користи 3 пати неделно (вклучена печка 1 час, зависно од јачината на печката), се од 600 – 1000 денари месечно. А, за загревање на сауната до посакуваната температура, вообичаено потребни се 35 – 50 минути.. Сауната лесно се одржува, што ја прави вистинска инвестиција во здравјето на долг рок.
Во услови кога времето е најголемиот ресурс и не секогаш можеме да одиме во сауна во некој комплекс кој е оддалечен од нашето место на живеење, идеално би било кога би имале сауна или џакузи во сопствениот дом. Инвестицијата е многу мала, а доволен е и многу мал простор, метар на метар, за нејзино поставување. Здравјето нема цена! Поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства. Зошто да не си овозможиме секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството во домашната сауна.


Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.
На следниов линк http://pirinexport.mk/ можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински или инфрацрвени сауни, џакузи или базени за домашна и комерцијална употреба. Изборот пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства. Повеќе инфо на https://www.facebook.com/PirinExport.Kozha.Sauni.Spa/

Translate »