Беса е најголем губитник на овие избори
Од албанскиот политички блок партијата ,,Беса,, излезе како најголем политички губитник.
Во првиот круг од локалните избори БЕСА не победи никаде во трката за градоначалник па затоа направи коалиција со Алијансата за Албанците, за, како што очекуваа, сигурни победи во вториот круг против ДУИ.
Седум кандидати за градоначалници од Беса влегоа во вториот круг против кандидати од ДУИ. Партијата успеа да победи само во општина Желино каде градоначалник е Бљерим Сејди.
Лидерот на БЕСА, Биљал Касами, изгуби од Теута Арифи, која останува градоначалник на Тетово.
Сега Касами не е ниту градоначалник на Тетово, а ниту пак пратеник во Собранието.
Неговата партија, пак, не влезе во владата на Заев, веројатно за да има подобра позиција на локалните избори каде можеше слободно да го критикува својот најголем политички противник во албанскиот блок, ДУИ, која е на власт.
По локалните избори исходот за БЕСА е следниот – партијата не е во владата, а нејзиниот лидер не е веќе ниту пратеник во Собранието. Партијата има 5 пратеници и повеќе советници во различни општински совети,а нејзиниот градоначалник раководи само со една општина – Желино.