Балкан Прајм Турс: Тимбилдинг e активност преку која група на индивидуалци се претвора во тим
Несомнено е дека синергијата меѓу колегите, емпатијата и пријателството кое интерно се развива е најголемата вредност за една компанија. Тоа е нешто што треба да се негува и поттикнува бидејќи тоа движи напред и носи раст и развој. Може да имате интересен и иновативен производ или услуга, но ако тимот кој работи зад тој производ не функционира, порано или подоцна работите ќе тргнат наопаку! Токму затоа се важни тим билдинзите, како активност за зближување, запознавање, за раѓање на нови идеи! Преку нив се создаваат моменти за сеќавање, се доживуваат искуства кои подолго време потоа се прераскажуваат. Тим билдинзите се за мали, големи, средни компании од различни дејности, или за сите оние кои сакаат нешто да променат, и кои настојуваат да постигнат раст на долг рок. Тоа е најпродуктивниот трошок кој може една компанија да го направи!
Но за тие да бидат автентични, интересни и забавни за сите вработени некој со искуство треба и да ги организира. Тим билдинзите треба да ја отсликуваат и корпоративната култура, и преку нив да се испрати порака колку компанијата се грижи за локалната заедница, за животната средина, за природата….
Замислете си какво може да биде едно тим билдинг патување кога ќе посетите фамилијарна винарија, или кога ќе пробате домашно подготвена храна, кога ќе се сретнете со некој стар заборавен занает, па ќе изодите по предел кој воодушевува со својата природа. А дека во нашата земја има неокриени убавини, места и активности кои пријатно ќе нè изненадат, доказ е секојдневната работа на тим билдинг тимот на Балкан Прајм Турс (Balkan Prime Tours) кој за различни групи организира прилагодени тим билдинг активности според желбите и очекувањата.
Една таква активност може на пример да Ве однесе во источна Македонија. “Развивме концепт и програма за посета на Радовиш што вклучува планинарска тура на Плачковица во недопрена букова и дабова шума, прошетка покрај езерото Мантово, дегустација на вино во винарницата ‘Кукутанов’, со можност да се види како на традиционален начин се произведува вино, да се вкуси природен радовишки мед, сирење, ајвар…Во дворот на винарницата има фурна на дрва каде може да се присуствува на часови по готвење и подготовка на радовишки сомун (пастрмајлија), на традиционална баница и многу повеќе.
А тим билдингот може да биде и компетитивен, преку организирање различни забавни активности за вработените, спортски натпревари, возење кајак или велоиспеди, нуркање, планинарење или нешто друго. Може да биде во земјава, но и во странство. Значи може да се имплементираат различни концепти” вели Влатко Сулев, оперативен директор на Балкан Прајм Турс (Balkan Prime Tours)
Според него луѓето преферираат автентични доживувања, искреност и оригиналност. Сакаат обични работи, лични доживувања, уникатно Тим Билдинг искуство. Тоа не секогаш е поврзано со скапи хотели или ресторани, со преголеми трошоци, туку е повеќе работа на инспирација и креативност. Едноставните работи допираат до срцето на луѓето.
Мисијата на Балкан Прајм Турс е да креираат тим билдинг турите низ земјава и низ балканот кои се навистина креативни, а импресиите од нив се фантастични.
Работиме со домашни, но и странски компании! Но не само што луѓето убаво си поминуваат, ефектот е многу позитивен. Поголема продуктивност, синергија, задржување на вработените. Има ли нешто поважно од тоа!
https://teambuilding.balkanprime.tours/