Снимил морничава сцена на врвот на светот: Стотина алпинисти поминуваат покрај мртов човек, за само 9 дена починале 11 луѓе

Канадскиот авантурист Елија Сајкали фотографирал една застрашувачка сцена на врвот на Хималаите.

Имено, веќе со денови се пишува како на патот кон Монт Еверест настанал голем “метеж” поради што починале 11 планинари за само 9 дена. Редовите за нив биле кобни поради недостатокот од кислород. 

На фотографијата на Сајкали се гледа мртов алпинист кој сè уште бил врзан за патеката која води до врвот на Еверест.

“Овој јаден човек виси таму, 2.130 метри над т.н. “Долина на тишината”, сите можеа да го видат и да се потсетат дека смртта е секогаш зад аголот. Дали е ова “сонот за Еверест кој го замислувавме”, напишал алпинистот.

“Пројдовме покрај 60 луѓе во текот на ноќта и дојдовме до врвот дури по изгрејсонцето. Температурата беше под нулата, а нивото на кислорот многу ниско. Сонцето го осветлуваше патот кон врвот и видовме човек кој починал. Иако ми беше жал за него и за неговото семејство, знаев дека морам да продолжам понатау. На 9000 метри над нивото на морето, немате друг избор. Кој е тука одговорен? Поединци, компании? Владата? Што е тука решението?”, се запрашал Сајкали.

Поради новонастанатите случаи, властите на Непал се под удар на светската јавност. Тие ги отфрлиле обвиненијата дека за зголемениот број на жртви на Монт Еверест се виновни преголемиот метеж, односно преголемиот број на планинари на врвот. Директорот на одделението за туризам, Данду Раџ Гимир, изјавил дека е потребно да се разгледаат и други аспекти како што се лошите временски услови.

Фотографијата на Нирмал Пурџа најдобро го покажува метежот на највисокиот врв на светот.


Translate »