Односите се заоструваат: Американскиот министер со порака до Кина – нема да го игнорираме вашето однесување, вие сте закана!

Американскиот министер за одбрана во говорот одржан во Сингапур порача дека САД нема повеќе да го игнорира кинеското однесување и дека Кина претставува закана по целиот регион.

Патрик Шанахан порача дека „САД нема повеќе да оди на прсти“ кога станува збор за кинеското однесување во Азија. Тој порача дека Кина претставува закана по стабилноста во регионот, од Јужното кинеско море до Тајван.

„Најголемата долгорочна закана по виталните интереси на земјите од овој регион се актерите кои го поткопуваат, наместо да го поддржуваат меѓународниот поредок“, порача американскиот министер за одбрана за време на годишната безбедносна конференција во Сингапур.

Ова е негов прв поголем говор откако ја презеде функцијата во јануари оваа година, а доаѓа во моментите кога има се поголема напнатост во односите помеѓу САД и Кина.

„Во минатото, некои луѓе одеа на прсти во врска со овие прашања, но не повеќе, нема да го игнорираме кинеското однесување во регионот“, порача Шанахан.

Translate »