Д-р Даниловски: лекот ивермектин делува против Ковид-19
Лекот ивермектин е стар и евтин лек, кој се покажа ефикасен во лекувањето на Ковид-19, изјави вчера професорот Драган Даниловски во разговор за Сител. Вели дека тој лек се користи од март во Австралија, во Нов Зеланд, во источните земји.
„Ако ги погледнеме бројките на смртноста, ќе видиме дека секаде каде што се употребувал ивермектин, смртноста е помала, рече проф. д-р Даниловски.
Лекот кај нас се употребува за лечење животни, во прашкаста форма. Професорот се надева дека ивермектинот, во таблетарна форма, наменет за луѓе ќе почне набрзо да се употребува и кај нас. Тој истакна дека лекот, освен што помага при лекување на болните од Ковид-19, дејствува и профилактичко.
„Луѓе кои се изложени на инфекција, на пример, здравствените работници, ако го земаат додека се здрави, тие не се инфицираат од коронавирусот. Пред една недела имавме драматичен апел од тројца светски здравствени авторитети од Алијансата на работници од првата линија за критична нега на болни од ковид-19, кои работат во интензивна нега, кои побараа ивермектинот да се употребува за профилакса и за Ковид-19, нагласи професорот.
Тој смета дека ивермектинот ќе биде една пресвртница во третманот на ковид пациентите.