Балканскиот шампион во шминка ќе одржи обука во Скопје

Еден од најдобрите и најнаградуваните професионални шминкери и мејкап мајстори во светот, воедно и балкански шампион за 2018 година, г-ѓата Сандра Николетич, на 23 декември во центарот за едукација АКТ во Скопје, ќе одржи ексклузивен еднодневен MAKE UP MASTER SHOW + workshop. Ќе демонстрира две техники на шминка во Инстраграм стил, од кои едната е т.н. “Дуо хром” техника на шминкање.

Обуката е за сите шминкери, make up artisti, фризери кои сакаат да ги надградат своите знаења, кои се желни за нови искуства и предизвици, и кои сакаат од прва рака да слушнат што е најново во светот на убавината. Резервации за обуката можат да се направат до 10.12.2018 на телефон 071 227 891.

Сандра Николетич  е врвен професионалец во светот на негата, која соработува со најпознатите естрадни звезди во регионов, која има искуство во делот на едукација, и од која навистина има што да се слушне и научи.

Обуката е во ново отворениот центар за едукација АКТ, каде во континуитет се спроведуваат обуки за професионални шминкери, основна и мастер обука, едукација за шишање и стајлинг, ндаградба на нокти, ботокс на трепки и многу повеќе. Обуките ги спроведуваат искусни професионалци од земјава и странство.

Можноста да стекнете практични знаења и мајсторски вештини, за да станете професионален фризер и шминкер, е најдоброто нешто што можете да го направите за себе, доколку имате интерес и се гледате себеси во овие дејности. Кандидатите ќе се стекнат со вештини и знаења, кои ќе им овозможат самостоен професионален ангажман, а по завршената обука добиваат релевантен сертификат. Центар за едукација АКТ се наоѓа на ул. Димо Хаџи Димов бр.107, Кисела Вода- Скопје, контакт 071  227 891.

https://www.youtube.com/watch?v=M8LJuPweSVI

Foto – Сандра Николетич

 

Translate »