Дадилка дрогирала деца за да ги успие, а причината е неверојатна!

Џенуари Недрлин, бивша сопственичка на градинка во Орегон , е осудена на 21 година затвор затоа што ги дрогирала децата за да може да оди во солариум додека тие спијат.

Таа 4 години ја  водела непријавената градинка, а  родителите ги лажела дека е медицинска сестра.

На полицијата ја исцинкарил нејзиниот бивш дечко. Оттако почнале да ја следат, утврдиле дека таа постојано излегува до куќата во која, секојдневно,  чувала седум деца.

На родителите таа им  кажувала да не доаѓаат по децата во периодот помеѓу 11 и 14 часот, бидејќи тогаш децата “спијат”.

За да ги успие , таа користела дрога мелатонин.

Едно од децата  завршило во болница со изгореници и повреди на главата, а лажната дадилка признала дека по грешка на детето му дала жешко шишенце со млеко.

 

Кога Бог ја создавал жената, ја направил со една грешка! А таа грешка може да ѝ го упропасти целиот живот!

Translate »