Кога Бог ја создавал жената, ја направил со една грешка! А таа грешка може да ѝ го упропасти целиот живот!

Кога Бог ја создавал жената, кај него дошол еден ангел и го прашал: – Зoшто се трудиш толку многу?

А Госпоод му одговорил: – Има много нешта, кои треба да ги направам за да биде како што треба.  Жената треба да биде брза, но во исто време треба да се движи грациозно. Да има само две раце,а сепак да може да прегрне неколку деца истовремено . Треба да умее да ги прегрне така, што ќе им помине секоја болка– и на удреното колено и на повредената душа. Треба да ги излекува со гушкање дури и кога самата таа е болна, и да работи по 18 часа секојдневно.

Ангелот се зачудил: – Но тоа е невoзможно. Какo ќе го направиш сето тоа за еден ден? Одложи го за попосле.

– Не, не можам, му рекол  Господ.  – Треба да ја завршам денеска. Жената ќе биде мојата најсакана творба!

Ангелот се заинтересирал и се приближил одблиску да ја види жената и воскликнал: – Господе, па таа толку е кревка и нежна!

– Да, така е, но јас ја направив и  многу силна. Никој не може да си претстави колку таа може да издржи и да носи на своите плеќи. Можеби изгледа кревка и ранлива, но во неа има огромна моќ.

– А ќе може ли да мисли? – прашал Ангелот.

– О, се разбира!  Не само што ќе може да мисли, туку ќе знае и како да те убеди!, -се насмеал Господ.

Ангелот пак се доближил и го допрел лицето на жената. – Ааа, сепак има грешка… Зошто образот ѝ е мокар?

– Не, тоа не е грешка . Тоа се солзи, – рекол Бог.

– Тие ќе ја изразуваат нејзината мака, љубов, нејзината осаменост,, страдања и гордоста..

Ангелот бил одушевен: – Господe, ова навистина е идеално суштество! Ти на се си мислел. Жената навистина е чудесна ! И толку прекрасна…

Господ тогаш рекол : – О, да. Во неа има сила, на која ќе и завидат сите суштества на земјата. Таа ќе може да се смее, и кога ѝ се плаче и  кога ѝ е тешко. И ќе биде способна да помага на другите кога таа најмногу има потреба  од помош…

Ангелот занемел, а Господ тажно воздивнал: – Но има нешто, кое јас не можам да ѝ го дадам. Нешто што зависи само од неа и ако таа не успее да го поправи, ќе ѝ го уништи целиот живот. А тоа е што таа не си ја знае сопствената цена.

будистичка приказна

 

 

Свекрвата ме избрка со детето во раце

Бев љубовница, а сега сум сопруга… и газдарица

Translate »