Успешни фризери од Македонија беа дел од престижниот Болоњски саем за професионални фризери!
Традиционално и оваа година компанијата Вертикал Вејв – која е овластен дистрибутер на професионалниот бренд за коса IMEL Profesional, организираше посета на најголемиот саем за козметика и фризерство COSMOPROF Болоња, Италија.
Голем број професионални фризери и техничари, како и make-up артисти од Македонија можеа да се едуцираат за најновите трендови во оваа индустрија, и да споделуваат искуства со нивни колеги од целиот свет. Да уживаат во одличната саемска организација која оваа година беше на фанатастично ниво, и да ги видат фризерските бравурии на вештите мајстори од различни земји од светот.
COSMPOROF во Болоња е место каде се едуцира фелата, се запознава со најновите козметички новитети, но и се мотивира и инспирира за нешто ново кое потоа се применува во матичната земја.
Станува збор за еден од најголемите и најпрестижни саеми на светот во областа на модната козметика и фризерството. Македонските претставници имаа притоа можност и подетално да се запознаат со новитетите и од колекцијата на IMEL Profesional, козметика која ја негува косата, и која на долг рок влијае на нејзиниот квалитет.