Зошто во Италија масовно се шири смртта? Коронавирусот е само една од причините…
Кога пред околу два и пол месеци од Кина почнаа да пристигнуваат информации и податоци за првите смртни случаи предизвикани од досега непознат коронавирус, иако немаше толкава паника каква што владее сега, меѓу експертите сепак во јавноста можеше да се почувствува тоа.
Непознатиот вирус веројатно е најголемиот кошмар на сите епидемиолози ширум светот. Во екот на епидемијата во Вухан, податоците во некои денови делуваа катастрофално, повеќе од 10 отсто од луѓето умираа, а сепак иако Ху од почетотот ги фалеше кинеските напори за сузбивање на вирусот и податоците кои што им ги доставуваа, отсекогаш постоеше трошка сомнеж – што доколку истите до крај не се вистинити? Што доколку вирусот е поопасен отколку што изгледа?
Се докажа дека и во Европа владее истиот тој вирус, а смртните случаи кои што се регистрирани досега – во Италија ја надмина бројката на смртни случаи во Кина.
Луѓето во Италија почнаа да умираат масовно, a денес е датумот кога таму почина првиот човек, а само вчера починаа 627 луѓе. По повеќе од десет дена по прогласувањето на целосен карантин, Италијанците умираат во рекордни бројки. Работите досега би требало да бидат под контрола, зарем не?
Причините секако дека се комплексни. Еден дел од вината лежи во ненавремената реакција на системот и фактот дека дозволиле епидемијата да продре во најчувствителниот дел од општеството – болниците и амбулантите.
Насекаде низ светот “владее“ коронавирусот, но во Италија има најмногу смртни случаи. Зошто?
Ќе ги земеме за пример Италија и Германија. Земјите во кои што првиот заболен пациент од коронавирусот бил дијагностициран на ист датум. Доколку ги погледнете графиконите од двете држави ќе може да видите како бројот на заразени растел и кај едните и кај другите, а кога ќе го погледнеме вкупниот број може да видиме дека во Италија процентот на смртни случаи е 8.5 отсто, а во Германија 0.18 отсто. Причината поради која што тоа е така е тоа што Италијанците дозволија вирусот да се прошири на двојно повеќе граѓани отколку Германците.
Немојте да мислите дека одлуките за целосно запирање на општествените и економски активнсти кои што светските Влади ги носат биле едноставни.
Неверојатно е тешко да се одговори дали сакаме да го ризикуваме животот на постарите граѓани, а за возврат работно активните жители да се спасат од долгогодишна рецесија, или пак да спасуваат животи, а потоа да се грижат за економијата.
И во едната и во другата ситуација ќе има последици по човечките животи, сега од вирусот, подоцна можеби од сиромаштија и некои други болести предизвикани од стрес и сиромаштија, неплатени кредити, изгубени работни места и недвижнини.
Италијанците малку по малку со одлуката на целосен карантин ја уништуваат својата економија, а истовремено немаат никакви бенефиции од таа одлука. Според информациите на телекомунициските мрежи и понатаму до 60 отсто од населението се движи по улиците. Со такво однесување не можат да добијат ништо позитивно, не можат да го спречат ширењето на вирусот.
Едно е сигурно, и покрај коронавирусот сепак Италијанците не умираат само поради тоа туку тие умираат и поради тоа што не се дисциплинирани и одговорни и не се придржуваат до мерките за безбедност кои што Владата им ги налага.