Сурова одмазда: Во ѕидот пронашле тело на Албанец кој исчезнал пред 6 години, а конечно е откриено кој стои зад ова злосторство

Италијанската полиција уапсила четири лица осомничени за убиството на еден Албанец и ставање на неговото тело во ѕид во стан во близина на Монца.

Убиениот Ламај Астрид исчезнал во Џенова во јануари 2013-та година, а неговите остатоци биле пронајдени на почетокот на оваа година. 

Благодарение на истрагата на италијанските карабиниери, идентификувани и уапсени биле четири мажи во Муџа, Ена и Џенова.

Полицијата верува дека убиството на Астрид го нарачала неговата поранешна партнерка, која се занимава со трговија на накит. Наводно, Астрид ја ограбил па ја оставил.

Жената потоа, според наводите на полицијата, им се обратила не шест мажи кои се движат во круговите на организираниот криминал и го нарачала убиството.

Translate »