(ВИДЕО) СТАРТУВА СКАП ПРОЕКТ: Стар град ќе биде потопен, а луѓето ќе бидат раселени
Турција почнува многу скап проект.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција во јуни ќе започне да го полни акумулационото езеро на Илис, браната на реката Тигар, и покрај протестите на Ирачаните кои лани поради браната имале голем недостиг на вода.
Ирачката влада вели дека спуштањето на браната ќе предизвика недостиг на вода на една од двете реки од кои зависат резервите на вода во таа земја.
Во Турција поради браната ќе биде потопен градот Хасенкејф, стар 12.000 години, а неколку илјади луѓе ќе бидат раселени.
Ердоган во изборната кампања навел дека проектот “Илис” е вреден 8,5 милијарди лири или 1.6 милијарди долари, а на турската економија ќе и носи околу 270 милиони долари годишно.Влијанието на браната, која за турскиот југоисток создава 1.200 мегавати електрична енергија, е критикувано во двете земји.