Лука Дончиќ покажа нешто што ретко се гледа-ВИДЕО
Екипата на Далас Маверикс благодарение на Лука Дончиќ го доби тексашкото дерби против Хјустон Рокетс, а по мечот, тренерот Рик Карлисл беше полн со пофалби за младиот словенечки кошаркар.
Дончиќ на средбата во последните две минути сам направи серија од 11-0 и го врати Далас од бездната, за голема победа во локалното дерби против тимот на Џејмс Харден.
„Мечот беше навистина специјален за нас. Очигледно е дека Дончиќ поседува голем талент. Тој не се плаши од ништо и од никого. Таков кошаркар и такво чудо не се гледа секој ден“, изјави Карлисл по средбата.
Дончиќ е четвртиот играч во НБА-лигата оваа сезона кој сам прави серија од 11-0. Словенецот е рамо до рамо со Стеф Кари, Лу Вилијамс и Џејмс Харден.
Екипата на Далас Маверикс запиша голема победа во НБА-лигата и во тексашкото дерби со Хјустон Рокетс славеше со 107-104, благодарение на феноменалниот финиш на еден од најдобрите млади кошаркари во светот, Лука Дончиќ.
„Ракетите“, предводени од Харден, беа на прагот на победа, но Дончиќ ги остави со празни раце. На само три минути пред крајот, Хјустон водеше со осум поени разлика (102-94), но потоа словенечкиот кошаркар експлодира, даде 11 врзани поени и го сврте резултатот во корист на Далас.
That time @luka7doncic went on an 11-0 run… pic.twitter.com/w9Y85cV9RR
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 9, 2018