Задолжителен 14-дневен карантин за македонски државјани по влез во Хрватска

Поради зголемениот број на случаи на коронавирус, Хрватска утврди посебен режим за влез на лица од Македонија, БиХ и Србија.

Сите што ќе влезат од овие земји ќе мора да поминат 14 дена во изолација. Обврската не се однесува за транзит низ земјата.

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 22 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени се искачи на 2.388.

Досега оздравеле 2.145 луѓе, а починале 107 лица. Уште 136 лица се на лекување.

Translate »