Подготвена нуклеарната тврдина на Путин на Арктикот: Русија распоредила застрашувачка воена сила во близина на границите на НАТО!
“Нуклеарната тврдина” на Русија се наоѓа на полуостровот Кола, на кој во непробојниот студ на Арктикот е воспоставена одбранбена мрежа од стратешка важност. Кремљ одлучил таму да распореди поголем дел од својот застрашувачки нулеарен арсенал.
На северозападниот крај на Руската Федерација, над леденото Баренцово море и Белото море, распореден е систем од бази на повеќе од 100.000 квадратни километри. Таму се сместени стратешки подморници и бомбардери, сите способни за носење на ракети со нуклеарни боеви глави.
Во подрачјето на Североморск е распоредена руската Северна флота, најмоќната морнаричка единица на Кремљ. Стратешките бомбардери со можности за прелет на Атлантикот, како што се “Тупољев Ту-160” и “Ту-95 Мечка”, се подготвени за полетување од аеродромот Оленегорск.
Во тој леден бастион, неколку стотини километри од границата со Финска и Норвешка, Русија поставила некои од клучните делови на својата нуклеарна тријада. Од таму бродовите константно испловуваат и пловат за на крајот да се појават во меѓународните води надвор од морскиот континент од западна страна или директно на Медитеранот, а стратешките бомбардери редовно летаат следени од пресретнувачи на НАТО.
Поради својата стратешка положба, влезот во Белото море, кое води директно во срцето на руски “Харланд”, исто така е заштитен. Таму се наоѓаат главните бродоградилишта кои дизајнираат и градат нова флота на подморници. Во тврдината на Арктикот се наоѓаат и пет други инсталации и складишта на нуклеарно оружје сместени во Гаџев, долината на Кола, Шчукозара и Болшој Рамозер.
Од тука ќе тргаат сите видови на одбранбени кампањи чија цел е да ја задржат или добијат надмоќта на Арктикот или било кое сценарио на судир на руските сили со НАТО во северна Европа.
Западните сојузници, се загрижени поради воените сили кои Русија ги распоредила толку блиску до границата на НАТО, и се вознемирени од рутите на подморниците кои исчезнуваат под арктичкиот мраз и повторно се појавуваат на друго место. Тие затоа се обидуваат да ги засилат противмерките за борба против подморниците и продолжуваат да ги спроведуваат годишните вежби под изговор за можна инвазија од Исток.
Годишните вежби всушност сакаат да и покажат на Москва дека со мобилизација на повеќето западни сили може да се сопре “голема офанзива на Кремљ”. Меѓутоа, полуостровот Кола е првиот бастион на руската одбрана свртен кон Западот, но со капацитет на сила која може да ги задржи САД и сојузниците.
Според аналитичарите ова подрачје во иднина ќе биде центар на меѓународни тензии, пред се поради спорот околу трговските патишта кои од тука ќе минуваат преку мразот.
Кремљ веќе најавил план за засилување на воените сили и намера да ги брани своите територијални води, предупредувајќи дека “Русија ќе ги штити своите национални интереси во регионот”.
Ова е и реално со оглед на тоа дека Арктикот се претворил во место каде има судири на територијални и стратешки интереси на низа држави кои ги гледаат потенцијалите на овој регион.