Хрватска бара барем 20 000 странски работници

 

 

Поради недостатокот на  работници на хрватскиот пазар, се разгледува можноста за зголемување на квотата на странски работници кои би работелево Хрватска во наредната година.  Во 2017 година  квотата значително беше зголемена, а за  2018 -та  година потребите на пазарот ќе бараат дополнителна работна сила однадвор,  пишува Пословни дневник.

Според информациите добиени од Хрватската стопанска комора,  спроведената  онлајн анкета  во  бизнис секторот  покажува дека на земјата и се потребни најмалку  20.000 странски работници.

За 2017 г,  Владата  одобри вработување на 7.000 странски работници , а потоа за потребите во  градежништвото и туристичката индустрија, бројката беше зголемена за дополнителни  2.000 работници.

Од бизнис секторот се жалат дека оваа бројка сепак  е недоволна.

Ресорниот министер Марко Павиќ,  поради ваквата ситуација ,  им најави на работодавачите  дека наредната година  ќе се склучат повеќе  меѓувладини договори  за вработување на странска работна сила ,  при  што акцент се става  на стручни работници.

 

 

Translate »