Скандал пред Ватикан!

Мариса Папен, некои ќе ја титулираат како поранешна Плејбој зајачица, некои како фотомодел, а таа себе ќе се нарече како “професионален уништувач на табуата”, а во својот животопис додаде уште една приказна: позираше гола сред Ватикан, на едната фотографија гола преминува на пешачки премин носејќи дрвен крст, на втората исто така без облека седи на Библијата.

Младата Белгијка и нејзиниот фотограф Џеси Вокер извеле скандалозен перформанс поради кој завршиле во притвор откако полицијата ги уапси на плоштадот Свети Петар. Сепак, после десет часа биле ослободени. 

Оваа девојка има интересна историја во јавноста. Нејзината претпоследна акција се одиграла во Турција кај најпознатата тамошна џамија Аја Софија, каде била облечена во бурка која ја подигнала и ја открила нејзината интима.

Таму поминала добро за разлика од Египет. Таму таа позирала гола пред пирамидата во Гиза и завршила во притвор. Неодамна позирала и пред Ѕидот на плачот во Израел, а со такви фотографии може да се пофали од 50 земји.

Translate »