Ѕирнете во пентхаусот на Џенифер Лопез на Менхетн
Џенифер Лопез го стави на продажба својот дом во Менхетн по цена од 27 милиони долари. Пентхаусот со четири спални, шест бањи и два тоалета, кој беше купен пред три години за 22 милиони долари.
Луксузни Пентхаус гледа на Медисон Сквер и се наоѓа во Витман зградата.
Зградата е изградена во 1924 година и има само четири резиденции – секоја е со високи тавани, поглед на паркот и консиерж услуга. Се разбира, станот на Џенифер Лопез е скапоцен камен во круната на оваа зграда.
Нејзиниот дуплекс пентхаус има околу 650 квадратни метри внатрешен простор и дополнителни 300 м2 надворешен.
Инаку, Џенифер Лопез има разновидно портфолио на недвижен имот.
Во 2013 година, таа купи имот во вредност од 10 милиони долари во Хептонс и веќе поседува неколку имоти во таа област. Поседува и имот од 28 милиони долари во “Бел Ер” кој го купи во 2016 година.
Претходно оваа година, таа ја продаде својата вила во луксузниот дел од Лос Анџелес по цена од 10 милиони долари.