Иванов за Јосифовски „Сега видов дека бил во партијата,,
Претседателот Ѓорге Иванов потврди дека генералниот секретар на претседателскиот кабинет Борис Јосифовски за време на нападот на Собранието на 27 април лани бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 8. кат, каде според сведочењето на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа оперирал парамилитарниот партиски штаб кој го координирал нападот.
На прашањето каде бил Јосифовски на 27 април, Иванов на прес-конференцијата вечерва рече дека кога видел на телевизија што се случува во Собранието му се јавил на генералниот секретар да го свика Кабинетот.
На прашањето каде бил Јосифовски тогаш, Иванов одговори: „Сега видов дека бил во партијата“.
Иванов кажа и дека УБК е жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи во земјата, а дека тој како претседател на тоа укажал уште пред 2 години.
Тој уште еднаш го негираше тврдењето на обвинетиот Нинџа дека планирал да воведе воена состојба, но се повлекол под притисок на странски фактор.sdk.mk