ESCAPE Собите–една од најпопуларните интерактивни игри во светот, добива оригинална македонска верзија, достапна од неодамна и во Скопје
Escape собите ја задоволуваат човечката желба за социјални и физички игри, а исто така обезбедуваат интелектуална стимулација и возбуда.
Истражување на просторот, пронаоѓање скриени траги, откривање на тајни кодови и шифри и решавање разни загатки и сето ова во одредено конкретно време, еден час. Ова може да го доживеете во escape room или бегство од соба. Таа е целосно инвентивна и интерактивна игра во која ве чека решавање на низа загатки и во која вие и вашиот избран тим решавате мистерија со помош на интеракција со реални предмети во даден простор. Уникатноста на оваа игра се состои во тоа што играчите всушност физички се наоѓаат во самата приказна. Во просторот кој е идеален за тестирање на вештини низ забава може да играте заедно со 2-6 играчи. Учеството во играта не бара посебни вештини и знаење, а се што е потребно се вашата перцепција, креативност и логика. И секако тимската работа е клучна!
Добрата вест е дека во случај да ви треба помош во текот на играта, секогаш може да побарате насока за следниот чекор од администраторот на играта.
Escape Room собите се за сите оние што бараат ново и единствено искуство, предизвик и пред се еден час врвна забава. Совршено доживување со вашите пријатели и фамилија, како и идеална тим билдинг активност.
The Game е неодамна отворениот escape room во Скопје на локација во Кисела Вода, каде имате можност да бидете дел од два незаборавни концепти.
Резервирајте термин преку веб страна www.escapegame.mk или на 075 203 523
Како функционира играта? Еве еден пример!
Шпион сте и пробивате во канцеларијата на еден од вашите соработници, за кој се сомневате дека пренесува информации на непријателот . Знаете дека утре, тој предавник ќе ги достави информациите на тајна локација во градот. Мисијата е да дознаеш каде. Но, кога влегуваш во канцеларијата на соработникот се активира безбедносниот систем. Вратата се заклучува зад тебе имаш 45 минути за да го најдеш клучот пред да бидеш “фатен”.
Оваа сцена од некој акционен филм сега може да ја доживее и кој било од нас, во ескејп собите во Скопје кои нудат ваков тип на забава. Во играта нема да бидете сами- таа е наменета за тим од двајца до најмногу осум луѓе. Всушност вие влегувате во играта кога вашиот тим се регистрира да биде затворен во соба и мора да најде индиции, да ги реши загатките за да ја заврши зададената мисија и да најде клуч за излегување.
Многумина кога првпат ќе го слушнат поимот Escape room очекуваат чувствтвото да е клаустрофобично или страшно. Но, вибрацијата која ја добивате е сосема понаиква- пријатна и забавна.
Тоа го покажува и шпионската игра во која најголемиот притисок е времето. Тоа почнува да тече, а правилата на игра јасни (нема кршење, уништување и нема индикации во внатрешноста на електричните приклучоци), вратата е затворена и времето почнува да истекува.
Собата на прв поглед изгледа како добро декорирана канцеларија. Се пребарува и се бараат индиции. Има и заклучени кофери и прашање – каде да се најде комбинацијата за да се отворат?
Следно што ви паѓа во поглед се книгите. Содржат ли скриена порака? Или пак скршените часовници, дали треба запрено време на нив е некаков знак или код? Чаши, рефлектори, магнети, слики, вазни, белешки, часовници, капути, компаси, светилки, карти за играње…се може да биде знак… И во нив, на нив или под нив се наоѓаат индиции и загатки чии одговори доведуваат до друга заклучена кутија и тоа ќе ве доведе до друг поим, и уште една загатка…
А часовникот постојано отчукува.
Се чувствувате како херој во авантуристички филм, обземени од адреналин, а потоа се сеќавате дека сте во игра, за која сте платиле.
Не се само загатките причината зошто escape собите се толку популарни!
“Интересно е да се види како различни групи се справуваат со притисокот”, велат од The Game, новоотворениот escape room во Скопје.
Оваа соба за бегство е отворена овој месец, а критиките од досегашните посетители се крајно позитивни.
“Навистина многу се вложивме, работевме со професионални сет дизајнери, за да создадеме две мистериозни соби разработени до најситни детали, а се со цел искуството за играчите да биде реалистично, предизвикувачко и забавно”, велат од The Game.
Escape собите ја задоволуваат човечката желба за социјални и физички игри, а исто така обезбедуваат интелектуална стимулација и малку возбуда.
Играта е поставена така што околу 30 проценти од учесниците можат да излезат во предвиденото време без помош. Повеќето со истекување на времето завршуваат заглавени на некоја од последните загаткипрекинати од аминистраторот кој вели – “Дали сакате навестување?”
Собите за бегство во Скопје стануваат популарни во последниве години а во Северна Америка, Европа и источна Азија го доживуваат својот бум пред околу девет години. Прво се отворени во Азија а подоцна и на други континенти. Подоцна станаа популарни и за светските политичари па така поранешниот американски претседател Барак Обама, додека се уште ја извршуваше функцијата во 2016 година со своето семејство ја посети собата за бегство во Хонолулу. Претходно тој беше предизвикан на социјалната мрежа Твитер да отиде во собата за бегство и со своето семејство ја заврши мисијата 12 секунди пред истекот на рокот предвиден за играта.