КОБРА-Нова соработка помеѓу младата Мина Блажев и искусните ДНК

Мaкедонската јавност деновиве има можност да го слушне новиот музички хит со наслов „Кобра“ на талентираната Мина Блажев изведен во соработка со ДНК.

Кога ќе се спои талентот заедно со младоста и енергијата на Мина и искуството на ДНК се добива динамична, модерна песна во р&б ритам со певлив рефрен и одличен аранжман која само за еден ден има над 15.000 прегледи на youtube.

За добро информираните во светот на музиката Мина е веќе познато лице на македонската музичка сцена. Зад себе има издадено четири сингла, во 2018та ја освои наградата за најдобар дебитант на Макфест, ја претставуваше Македонија на детската Евровизија 2017 во Тбилиси, Грузија, истата година се закити со престижната награда Бисер на меѓународниот музчики фестивал „Езерски Бисери“ а беше и дел од талент шоуто Пинкови ѕвездички.  Има учествувано на бројни државни и меѓународни натпревари каде се има закитено со безброј признанија, први места, гран при награди. Посетува часови по пеење на Музичката академија Ѕвездички.

Мина Блажев полека, но сигурно ја гради својата музичка кариера. Таа со својот глас, енергија, изглед и стил ветува многу и се надеваме дека во периодот кој следи ќе слушаме уште многу нови песни од неа. Македонската музичка сцена е особено горда со вакви надежни, млади таленти кои се навистина пријатно освежување.

– имаме една убава соработка, нешто сосема поразлично, односно имаме младешка песна со убав ритам која веруваме дека ќе биде вистинско освежување, велат Панчо и Андреј од ДНК.

“Љубовта кон музиката се разбуди уште во најрани години. Таа стана секојдневие во мојот живот кое ми прави да избегам од реалноста, едноставно буди чувства и емоции кои не сум знаела дека постојат во мене. Затоа би сакала полека, но сигурно да се надграувам на музичко поле и да си ги остварам моите соништа. Мојата цел кога вадам нови песни, така и „Кобра“  е да успеам емоциите на песната да ги пренесам на моите слушатели и да направам едно пријатно уживање! Се надевам дека успевам во тоа и се надевам дека песната долго време ќе се слуша.” вели Мина Блажев.

Линк до песната

Песната е со наслов „Кобра“ и веќе стандардно, кога станува збор за авторскиот тим, е заедничко дело на Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио и е снимена. Видеото, пак, е работено во Приштина под режисерската палка на Валон Азири од Cinegr8 продукција.

Translate »