Играјте тенис за да живеете подолго!
Mожеби звучи необично, но истражувањето покажува дека играњето тенис може да биде најздраво за вашето здравје од сите останати спортови.
Редовното играње тенис може да ви го продолжи животот и до десет години, што е повеќе отколку возење велосипед, пливање, трчање…
Британскиот „Дејли мејл“ пишува дека тенисерите и тенисерките можат да живеат во просек од 9.7 години подолго од некој кој не вежба, а добро котираат и играчите во бадминтон (6.2 години) и фудбал (5 години). Велосипедистите живеат во просек по 3.7 години подолго, додека пливачите 3.4 години, а оние кои се занимаваат со трчање – 3.2 години.
Се е докажано со студијата во која учествуваа речиси 8.600 луѓе, а истражувачите велат дека зголемениот број на отчукување на срцето во текот на вежбањето е важно за долговечноста, па затоа тенисот го ставаат на прво место најмногу поради друштвената интеракција која исто така има важен ефект.
Во студиите се истражувале личности помеѓу 20 и 93 години, а научниците од Здравствениот центар во Каунас Сити го следеа здравјето и начинот на живот на точно 8.577 луѓе кои учествувале во студиите. Истражувачите ги споредувале и деталите од нивниот начин на живот, вклучувајќи го и тоа колку често се занимаваат со спорт.
- Знаеме од останатите истражувања дека социјалната поддршка овозможува намалување на стресот, па кога сте со други луѓе, играте, и имате интеракција со нив, како што правите во текот на играњето тенис, кој бара партнер или тим, тоа веројатно има единствено психолошки ефекти, истакна авторот на студиите, Џејмс О’Крајф за „Њујорк тајмс“.