Даниловски: Чекајќи ги вакцините, ќе си ја завршиме сами работата на природен начин
Во своето гостување во Студио 10, Д-р. Драган Даниловски, потенцираше дека со оглед на чекањето на вакцините и пролонгирањето на вакцинацијата, работата би можеле да си ја завршиме и сами.
„Чекајќи ги вакцините, ќе си ја свршиме работата сами на природен начин, по некои пресметки, ние некаде меѓу 42 и 45% опфатени граѓани имаме со инфекција, независно дали се асимптоматски или со симптоми, тоа е околу 750.000 граѓани. Околу 1.6 милиони граѓани користат здравствени услуги во Македонија. Со оваа динамика за 2-3 месеци ќе го достигнеме прагот на колективен имунитет, па за кого ќе се вакцините? Епидемијата здивнува имајќи предвид дека сме шампиони на Балканот кога се работи за `расположение` за вакцинирање, околу 49% од граѓаните не се расположени да се вакцинираат“ – вели Драган Даниловски, универзитетски професор, епидемиолог.