Премиум ракијата на Бовин прогласена за најдобра на балканот

loading...

На фестивалот Salines Spirit Fest кој се одржа во Тузла, БиХ, Премиум ракијата на Бовин беше оценета од стручното жири, како најдобра ракија во регионот.

На фестивалот на овошни ракии и жестоки алкохолни пијалоци, изложуваа над 30 компании од Србија, Босна, Хрватска и Македонија. Стручно жири од енолози, професори на технолошки факултети, гурмани и познати угостители дегустираа и оценуваа голем број на пијалоци, а според нив ракијата на Бовин е најдобра и навистина нешто посебно.

Посетителите истовремено дегустираа и месо и сирења од овие земји.

Беа доделени и други награди но апсолутен победник на фестивалот е премиум ракијата на Бовин.

“Ништо не е случајно! Ние 20 години инвестираме се со цел континуирано подобрување на квалитетот на нашите производи, а во исто време и да се овозможи тие да се достапни до поголем број од потрошувачите во Македонија и пошироко. Лојалноста на нашите потрошувачи, извозот во 37 земји во светот, како и многуте награди кои ги имаме добиено се потврда за исправноста на политиките на Бовин. Бовин нема да сопре со инвестициите, бидејќи пазарот е област која исто така не мирува, и секој посакува поголем дел од него”, изјави Ѓорѓи Тренев Директор на винарија Бовин.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »