Повторно приведени петмина од обвинетите за 27-ми април
Пет лица обвинети за насилствата во Собранието на Македонија на 27 април минатата година, ноќеска повторно се приведени и пренесени во Истражниот затвор Скопје, по налог на Кривичниот суд, потврдија за МИА од МВР.
Неофицијално се работи за поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во времето на крвавите настани во Собранието Митко Чавков, Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.