Расте бројот на жртви од силниот земјотрес во Албанија: Шест мртви и 300 повредени (ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа во силниот земјотрес кој утрово ја погоди Албанија, а албанскиот премиер Еди Рама стигна во Драч, кој најмногу е погоден од силниот земјотрес. најмалку 300 луѓе се повредени.

Две тела се извлечени од срушена зграда во Драч, каде досега се забележани вкупно три жртви, две се пронајдени во местото Тумане и една во Курбин. Министерството за здравство соопшти дека досега се повредени 300 лица во тие три града, а се очекува бројката да се зголеми.

Разорниот земјотрес се почуствува и во С. Македонија, Србија и Црна гора.

Translate »