Драматично спасување на момче од урнатините (ВИДЕО)

Два силни земјотреса во период од три часа ја погодија Албанија, а потресите се почуствуваа и во регионот. Медиумите пренесуваат дека загинале три лица, додека 150 се повредени.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како албанските спасувачи како од рушевините се обидуваат да извлечат дете.

Долниот дел од телото на детето останал под рушевините, па спасувачите се обидуваат да му помогнат.

Сето тоа се случувало во темница додека луѓето околу нив со ламби се обидуваат да ги осветлат рушевините, трагајќи по повредени.

Translate »