Му ја исполнила најголемата желба на момчето за роденден, а потоа следел ‘ладен туш’ – неговото семејство сега ја мрази!
Една девојка, ‘ни крива ни должна’, станала најомразената личност во домот на семејството на нејзиното момче. До таа мера што сега никој од нив не сака да ја види во животот.
Девојката некое време била во врска со момче кое неколкупати се пожалило дека никако не може да го утврди своето и потеклото на дел од семејството. Некои работи едноставно му биле чудни.
Таа одлучила да му ја исполни желбата и за роденден му купила ДНК тест, бидејќи мислел дека има ‘друго потекло’.
Меѓутоа, кога ги добил резултатите, се шокирал. Прво мислел дека на тестот има сериозна грешка, но не било така.
Се покажало дека неговиот ДНК тест се поклопува со двајца момци во доцни тинејџерски години и рани 20-ти, до таа мера што би можело да му бидат полу-браќа.
„Ми се јави, малку истражуваше на интернет и се испостави дека неговиот татко и мајка заедно оделе на факултет. Она што моето момче најмногу го бунеше беше тоа што изгледаше исто како таткото на овие двајца момци. Јас ненамерно со купување на ДНК тест открив дека неговата мајка го изневерувала татко му со тој човек кој им е татко на момците. Значи, откри дека нема биолошки татко, а тоа е нешто што мајка му од него го криела цел живот. Неговите родители овие денови се разведуваат, поради мене“, напишала девојката на форумот.
Откако констатирала дека сега половина семејство буквално ја мрази, девојката се кае за уникатниот подарок.